ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов да побара клубот кој го организирал скандалозниот камп да ги врати парите
Шилегов да побара клубот кој го организирал скандалозниот камп да ги врати парите, а тој да се извини на скопјани.
И во 2019 година, и во 2021 година град Скопје на чело со Петре Шилегов го финансира извидничкиот камп на кој малолетни деца сексуално и психолошки се трауматизирани.
Документите кои ги објавивме јасно покажуваат дека градот Скопје ги известил и средните училишта за оваа своја активност. Со тоа се покажува дека Шилегов точно знаел што прави и не може да бега од одговорност.
Десетици деца ќе имаат долгорочни психолошки последици како резултат на скандалозниот камп кој меѓу другото е овозможен и од финансиите од Шилегов.
Шилегов најмалку што може да направи е да ги побара назад парите, и да се извини на скопјани. А, по промената на власта ќе има и детална истрага за сите можни злоупотреби, за никогаш повеќе да не се повтори.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Храната во светот поевтинува, кај нас - можно поскапување
-

АРМ: Шугата во велешката касарна доаѓа однадвор
-

Државните вили по 30 години добиваат имотен лист - СОЗР делумно се согласува во извештајот на Ревизија
-

Дали Охрид ќе остане на листата светско наследство на УНЕСКО - владина делегација на средби во Париз
-

Преглед на вестите од светот
-

Со „Безбеден град“ ќе се намалат прекршоците
-

209 милиони денари за изградба на дом за стари лица во Кочани
-

Преглед на вестите од светот
