ВМРО-ДПМНЕ: Секогаш сме на страната на работниците
Има разликата во работењето меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и затоа граѓаните 10 години по ред гласаат за просперитетна иднина и затоа и во април следната година ќе ја дадат својата поддршка на опцијата која им нуди проекти и реализација, а не лаги и лицемерие, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина организирана од опозициската партија.
СДСМ никогаш не бил на страната на работниците. Ако СДСМ застанеше зад работниците, немаше 200.000 да останат на улица и без работа, а над 400 големи фирми да бидат затворени, немаше да ја достигнат највисоката стапка на невработеност од 38 отсто, ќе донесеше Закон за минимална плата и ќе гарантираше минимална заштита, ќе донесеше барем една странска инвестиција, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Грижата за работниците ВМРО-ДПМНЕ, како што се наведува, ја покажува на дело со отварање на 140.000 нови работни места и намалување на невработеноста од 38 на 26,8 отсто, со привлекување странски инвестиции, со носењето на Закон за минимална плата која што ќе се зголемува етапно, со намалување на партиципацијата, отворањето на нови универзитети, реновирање на постоечките студентски домови и подготовка за изградба на нови.
Ново на Сител
-
До 30 октомври рок за продолжување на правото на студентска стипендија
-
Трамп: Време е Хамас да го прифати мировниот план за Газа
-
Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ со митинзи во Вевчани, Струга и Ресен, СДСМ во Лозово, Карбинци и Пробиштип
-
Путин: Русија победува во „праведната битка“ во Украина
-
Мерц: Европа не е во војна, но веќе не е ниту во мир со Русија
-
Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот
-
Денеска променливо облачно, од утре постудено со дожд
-
Тирана ќе биде домаќин на првиот инвестициски форум ЕУ-Западен Балкан