ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ треба да ги намали даноците, да ја укине акцизата и да стимулира намалување на цените на мало
Зборот за СДСМ не важи, туку лажи. Откако се СДСМ на власт парите наместо кај граѓаните завршуваат кај кланот Заеви и бизнисите на функционерите во врхушката на власт.
СДСМ за две години ги осиромаши граѓаните на Република Македонија, а државата ја доведе до економски колапс.
Заради погрешните економски политики на власта над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, јавниот долг ја надмина психолошката граница од 50% од БДП, а македонската економија е на дното во Европа.
Додека повеќе од 70% граѓани земаат плата помала од просечната и не знаат како ќе го преживеат месецот, власта ги замајува со мерки од кои единствено корист ќе имаат најбогатите.
За да се оствари ветувањето на Заев дека граѓаните ќе добијат 30.0000 денари од поврат на ДДВ и ќе можат да реновираат соба, да исплатат кредит или да одат на одмор потребни ќе бидат дури 16 години, а не една година.
Доколку СДСМ навистина сака да им помогне на граѓаните треба да ги намали даноците, да ја укине акцизата, да стимулира намалување на цените на мало и да престане да ги ограбува преку наместени, тендери ,грантови и непотистички вработувања.
Граѓаните со оваа криминална власт наместо живот добија беда. Потребно е СДСМ и Заев веднаш да си замина, за да може Република Македонија и граѓаните да напредуваат.
Ново на Сител
-
Се толерираат ли нестручни кадри во здравствениот систем?
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за европски прашања
-
Преглед на вести од светот
-
Сведоштво во судница на мајката на убиената Вања
-
Стручната комисија утврди лекарски пропусти за смртта на 14 месечното бебе
-
Берлински процес
-
Новиот Закон за правична е готов но не е испратен до Влада, допрва ќе се договарале деталите
-
Утре почнува грејната сезона, но основните училишта во Карпош ќе останат со студени радијатори