ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со потрошените 320 милиони евра можеше да изгради 1.000 полициски станици
ВМРО-ДПМНЕ во соопштение наведува дека за изминатите три месци СДСМ од девизните резерви и од распишаните аукции на државни хартии потроши над 320 милиони евра и оти со тие пари можеше да изгради нови 1000 полициски станици, како онаа во Јегуновце.
- Новата полициска станица која во време на ВМРО ДПМНЕ ја добија на користење полициските службеници и граѓаните на Јегуновце, чинеше околу 300 000 евра. Објектот беше изграден од темел и одговараше целосно на потребите на жителите, наведуваат во соопштението.
- Oткако дојде на власт СДС не исполни ниедно ветување, не спроведен ни еден проект a парите на граѓаните исчезнaa. Граѓаните имаат право да знаат каде се трошат нивните пари кои секојдневно се одлеваат од државната каса, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот