ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со манипулации се обидува да ја покрие својата неспособност
Партијата предводена од аболицираниот криминалец Зоран Заев не само што им ја зацрни 2018 година на граѓаните, туку очигледно има намера со своите лаги и штетни политики да ја труе јавноста и во 2019 –та година. Навистина жално. Со манипулации се обидуваат да ја покријат својата неспособност, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ и додаваат:
„Иако им истече и втората години од мандатот, тие се уште немаат абер да ги исполнат ветувањата за 500 евра просечна плата, 600 километри нови автопати, 100 илјади денари плати за докторите, повраток на 15 % од ДДВ, 13-та плата во секое семејство, достоинствен откуп за земјоделците, повисок стандард, повисоки пензии, студентски град и уште десетици други шарени лаги. Што кажаа, се излажаа. Што фатија се исушија.“
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека СДСМ направија нешто што не го спомнаа во програмата, како пораст на криминалот, сеприсутна корупција, криминални тендери, осиромашување, повисоки даноци и давачки за граѓаните, поскапи горива, менување на Устав, менување на уставното име, рушење на идентитетот, продажба на националните и државните интереси, богатење на партиските и владините функционери со народни пари, партизирање на судство и редица на црнила во секој сегмент од општеството.
-Граѓаните сакаат што побрзо да ја заборават оваа промаршена и црна 2018-та година. Следната 2019 година може да биде среќна само ако овој криминален картел на власт предводен од Заев падне. Само така сите граѓани, вклучително и членовите на СДСМ ќе почувствуваат среќа и благосостојба, се потенцира во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Најсложена трансплантација на коска извршена на Клиниката за ортопедија
-
79-годишна тетовчанка измамена за 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци
-
За викеднот променливо време со повремен дожд и грмежи
-
Без вода дел од општина Ѓорче Петров
-
Приведено лице од велешко, предизвикало пожар на отворен простор
-
Дождот го изгасна пожарот во „Јасен“
-
Уапсено 27-годишно лице поради производство и дистрибуција на детска порнографија
-
Земјотрес со јачина од 7,5 степени го погоди преминот Дрејк, Чиле издаде предупредување за цунами