ВМРО- ДПМНЕ: СДСМ предизвика вистински урбанистички хаос во Ѓорче Петров
Александар Наумоски и СДСМ продолжуваат со хаосот кој го донесоа во Ѓорче Петров. Покрај лажните и неисполнети ветувања, нереализирани проекти, промашени инвестиции во секојдневието, безидејноста и криминалот, непотребните задолжувања, сега истите ќе предизвикаат и прав урбанистички хаос во Ѓорче Петров, изјави денеска Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ кој додаде:
„На последната седница на советот на општината советниците на СДСМ по налог на Наумоски изгласаа урбанистички план за населеното место Хром со кој се предвидува да се изградат над 100 нови згради во Хром и центарот на Ѓорче, највеќето од нив високи и над 13 метри. За лицемерието да нема крај, Наумоски во предизборната кампања ветуваше ревизија на урбанизацијата во делот на Хром и центарот на Ѓорче Петров што не е урбанизиран, а наместо ревизија единствено што исполни е дополнителна урбанизација спроведена по личниот и интересот на неколкумина свои соработници.“
-ВМРО – ДПМНЕ најавува дека одблиску ќе го следи овој процес и за секоја зграда што се планира да се гради и начинот и постапките за истите ќе ги информира навремено сите граѓани, потенцираше Стојановски.
Ново на Сител
-
Јавниот долг на најниско ниво во последните 5 години
-
Македонија падна за шест места на Индексот за слобода на медиумите
-
Протест на вработените во Зоолошка градина - Тврдат дека немаат земено плата за март, останале и без здравствено осигурување
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Oхрид забрзано се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
„Не може некој со плата од 2.000 евра да кажува дека 400 евра е доволно“ – првомајски протест во Скопје