ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ поставува несоодвтени раководни кадри во спортот
ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека со поставувањето за директор на Спортската академија на лице кое е професор по историја и нема врска со спортот, сериозно се загрозувала иднината на македонскиот спорт.
- Младите македонски спортски надежи заслужуваат да ги води докажан спортист и лице кое може професионално и на високо ниво да ја води академијата. Да сакаа да бидат историчари ќе се запишеа на историја, а не на Спортската академија. Ваквиот непрофесионален потег на СДС може да ја блокира работата на академијата и со тоа сериозно да се загрози иднината на македонскиот спорт, рече Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ пред Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.
Според него, за ваквото однесување на СДСМ и хаосот кој планираат да го создадат и во македонскиот спорт ќе следи политичка одговорност и казна од граѓаните на следните локални избори.
Ново на Сител
-
Митинг на ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче Петров
-
Митинг на СДСМ во Велес
-
Тема на денот со Љузим Фаризи, политички аналитичар
-
Поднесено обвинение против петмина турски државјани за убиството во кафе бар во Штип
-
СДСМ продолжува со активностите на терен
-
Монтажен паркинг на Матка, промена на фасади во Карпош, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и денеска на терен
-
Избори 2025 - Активности на ДУИ и на ВЛЕН
-
Активности на кандидати за градоналачници