ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема кандидати за градоначалници во големите општини затоа што никој не им се нафаќа
СДСМ нема кандидати за градоначалници во големите општини затоа што никој не им се нафаќа да ги загуби изборите.
СДСМ се во шок од анкетите, дури и тие кои ги прават за сопствени потреби покажуваат дека СДСМ губи.
СДСМ нема се уште кандидат за градоначалник на Велес затоа што никој не се нафаќа да биде жртвено јагне. Неколку видни членови веќе го одбиле раководството на СДСМ затоа што не сакаат да трчаат однапред изгубена трка во Велес.
Во меч без ракавици не сака да оди никој и во Прилеп. СДСМ го губи градот, и сите се дистанцираат од можноста да се кандидати на партијата која го штити Чипсио, кој како шофер на Заеви шверцаше дрога.
СДСМ губи и во Аеродром. Најнеспособниот скопски градоначалник после Шилегов, Марин ја унакажа општината, трошени се општински пари без ред, а сметката е во минус. Никој не сака да биде боксерска вреќа за криминалот на Марин.
Заев нема луѓе и сите го напуштаат. Анкетите на НДИ се уште еден доказ дека СДСМ губи. Партиските анкети го говорат истото. Затоа секаде каде што до сега имаат соопштено кандидати, се стари и истрошени кадри, нема нови лица затоа што никој не сака да губи.
Наспроти истрошените кадри на Заев и СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ нуди нови кадри, чесни луѓе, професионалци во своите области. ВМРО-ДПМНЕ нуди кандидати кои ќе направат од своите општини поубаво место за живеење.
Доаѓаат промени. Народот сака подобро. Време е за Македонија за сите луѓе.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Муцунски на состанокот во рамки на Берлинскиот процес
-
Во станот во Белград во кој загина Македонецот Мартин Сипковски имало 1.5 кг експлозив
-
Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци и пратеник
-
Претрес во дом на струмичанец, пронајдени 300 грама марихуана и засадено стебло канабис
-
Од 1 јануари Србија ќе воведе национален данок на CO2
-
Во Кривичен денеска треба да биде објавена пресудата против три лица за дивите депонии во Вардариште
-
Кривична за злоупотреби и малтретирање против две сопственички на приватни установи за сместување стари лица
-
Уапсени двајца скопјани поради сомнение дека запалиле три возила во Аеродром