ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не направи ниту еден проект во образованието
ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференција на министерката за образование Рената Тренеска Дескоска наведува дека Владата на СДСМ потрошила стотици милиони евра од аукции на државните хартии од вредност и од девизните резерви, а не направила ниту еден проект во образованието.
- Освен укинување и стопирање на крупни образовни проекти и реформски процеси, како и намалување на буџетските средства наменети за подигнување на квалитетот на образованието, во изминатите три месеци не видовме ниту една мерка која СДС ја спроведе во интерес на засегнатите чинители во оваа широка општествена сфера, се наведува во реакцијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ , во понеделник треба да започне наставата, а во училиштата се уште не е дистрибуиран ниту еден учебник.
- Само празни најави и ветувања. Училишните објекти каде во текот на летото беа извршени реконструктивнии санациони активности, а кои Дескоска бесрамно денес ги споменува и присвојува, се всушност инвестиции и активности кои ги започна и речиси заокружи Владата предводена од ВМРО–ДПМНЕ во чие време, потсетуваме се изградени 74 нови училишта, преку 400 се реконструирани, а изградени се и повеќе од 100 училишни спортски сали, стои во реакцијата.
Вистината е, наведува ВМРО-ДПМНЕ, дека наместо да продолжи да се развива и унапредува, движејќи се по веќе трасираниот пат за добивање европски предзнак, македонскиот образовен систем почна да ги чувствува ефектите од погрешните политики и одлуки на антиреформската Влада предводена од СДС и полека ги губи вредностите кои ги достигна во изминатите години.
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата