ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја третира државната каса како бунар без дно

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека СДСМ секој ден ја задолжува Република Македонија и дека ја третира државната каса како бунар без дно.
- Владата на СДС пред два дена државата ја задолжи за нови 2.70 милијарди денари односно 43.9 милиони евра, а министерот за задолжување Тевдовски за 70 дена успеа да стопи цели 126 милиони евра пари на граѓаните од девизните резерви, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението до медиумите.
Според партијата, само по основ на државни хартии од вредност Тевдовски дневно ја задолжува државата за речиси 1.933.333 евра.
- По основ на државни хартии од вредност на секој час државата се задолжува за речиси 80.555 евра, односно секоја минута се задолжува за речиси 1.342 евра. Граѓаните на Република Македонија не сакаат со трикови и магија на волшебниците од СДС да ги снемува нивните пари, ниту нивните пари да завршуваат во џебовите на волшебниците од СДС и нивните асистенти од Сорос и платеничката шарена револуција, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Воедно се додава дека на 15 октомври СДСМ ќе се соочи со политичка одговорност.
Ново на Сител
-

Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана
-

Пронајдени четири мигранти на автопатот „Пријателство“, приведен кумановец што ги превезувал
-

ВМРО-ДПМНЕ: Фирми блиски до СДСМ се главни за марихуаната
-

„Безбеден град“ за една недела регистрирал 4 991 прекршок, најмногу за брзо возење
-

СДСМ: Како поминаа 5 тони дрога на граница?
-

ЈОРСМ: Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана
-

Француската морнарица заплени 1,4 тони кокаин вреден 41 милион евра
-

Орбан: Клинтон бараше Унгарија копнено да ја нападне Србија
