ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја партизираше прославата на Илинден на Мечкин Камен
СДСМ ја партизираше прославата на Илинден на Мечкин Камен, не дозволи народ да присуствува, туку само нивни партиски активисти.
Власта го ограничи пристапот до Мечкин Камен на народот кој беше отиден во Крушево да оддаде почит на великаните кои ги се вградиле со своите животи за Македонија.
СДСМ покажа примитивизам од невидени размери и не дозволи илјадници наши сограѓани да присуствуваат на Мечкин Камен, како што тоа го правеле децении наназад.
СДСМ од државната прослава по повод Илинден направи партиска забава, со неколку стотина членови на партијата донесени со голем број автобуси кои полупразни тргнаа од градовите ширум државата.
СДСМ и Ковачевски се исплашија од народот, и му го земаа правото да се потсети на жртвата на предците и достојно да ја одбележи.
Илинден е празник кој е темелот и стожерот на Македонија, тој треба да обединува, а СДСМ прави се за тој овој светол ден за македонската државност посее раздор и омраза.
По доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, Илинден и манифестацијата на Мечкин Камен ќе бидат отворени за сите граѓани, а празникот повторно ќе ги обединува граѓаните без разлика на партија, народност или религија. Поделбите ќе завршат со заминувањето на СДСМ од власт.
ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
ЦУК: Од вкупно 13 пожари на отворен простор, активни се четири
-
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци
-
Украинци: На руска територија има најмалку 20.000 киднапирани украински деца
-
Со хеликоптер на Армијата исфрлени 102 тони вода врз пожарот во Јасен
-
Албанија - црн рекорд во регионот, досега опожарени 55.154 хектари земјиште
-
Реакција на Клиничката болница „Аџибадем Систина“
-
18-годишник удрил со мопед во малолетно девојче при што се здобила со тешки телесни повреди
-
Кривична против двајца малолетници, физички нападнале друг малолетник