ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја манипулира јавноста, од ветените проекти не е реализирано ништо
Соочени со катастрофалната состојба во државата СДСМ се обидуваат со манипулации да ја залажуваат јавноста. Ништо од досега ветените проекти немаат реализирано. Ветуваа 600 километри нови автопати, 550 километри магистрални и 1000 километри локални патишта. Ништо од ова не реализираа. И тие проекти кои беа отпочнати од владата на ВМРО-ДПМНЕ не ги завршија. Не е изграден ниту автопатот од Кичево до Охрид, ниту магистралниот пат до Прилеп, ниту железницата кон Бугарија. Реализацијата на капиталните инвестиции им е рекордно ниска и никој во државата, освен мафијата на власт не знае кај завршија парите.
За само три месеци ја задолжија државата за нова милијарда евра долг и освен за предизборен поткуп, ништо друго не направија.
А кога не поткупуваат граѓани со ваучери, тогаш парите ги трошат набавки на шкампи, кондоми, поддршка на одредени фризери или обуки на магариња.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ѓорѓија Сајковски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Градските инспектори во три смени ќе “ловат“ кој фрла отпад по 22 часот
-

Актуелни и поранешни функционери на СДСМ бараат реформирање на партијата
-

УМС на ВМРО-ДПМНЕ: Mладите се застапени во политиката
-

СДСМ: Недозволив молк за најстрашниот скандал со операциите, дали власта се обидува да го заташка?
-

Полицијата целосно расчисти свирепо убиство во Штип
-

Полициските билтени полни
