ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Пендаровски се свртеа против САД

СДС си го покажа вистинското лице и на планот на меѓународната политика на државава.
Освен нивните аналитичари, сега и Стево Пендаровски од СДС, а воедно и поранешен претседател на државата предложен од СДС, кој на последните избори изгуби со историски низок резултат, покажа дека се сврте заедно со СДС против стратешкиот партнер на Македонија, САД.
Ова говори дека СДС и на планот на меѓународната политика лажеле дека САД е стратешки партнер или дека сега целосно забегале.
Стево Пендаровски уште еднаш и покажа на јавноста дека е само аналитичар, поточно импровизатор и оговарач.
Ни помалку ни повеќе, во своето појавување во јавноста по десет месеци откако беше сменет од граѓаните почна да раскажува приказни и да оговара, односно што би рекол народот да се занимава со рекла-кажала муабети.
И не само што се занимава со озборување, тој влезе и во зоната на недозволено однесување кога станува збор за дипломатија и меѓународна политика. Па така, Пендаровски од СДС говореше како разбрал за време на средби со дипломати што се зборувало со владини претставници нешто што е национален интерес на Македонија. Со ова Пендаровски од СДС влезе и во сферата на откривање на државни позиции.
Исто како неговата СДС и Пендаровски треба да се освести и како поранешен претседател да престане да се однесува како личност која анализира и оговара.
Ако СДС и Пендаровски не и помагаат на Македонија, барем нека не и одмагаат!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Утре надзорна расправа за Алта банка во Собрание
-

Почна расправата за Законот за јавни набавки
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Над 30 члена брои листата поканети говорници на надзорната комисија за Алта банка
-

Изгласан вториот ребаланс на буџетот
-

Трамп ја номинира адвокатката Кристи Меккормик за нова амбасадорка во Македонија
-

Нацрт-верзиите на Кривичниот Законик и Законот за кривична постапка отпатуваа за Брисел
-

До февруари „Сејф Сити“ низ цела држава – Годишно се очекуваат 10 милиони евра од казни во буџетот
