ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ неосновано поделиле 100 милиони евра
Владата предводена од СДС и ДУИ не правела ништо освен што крадела од граѓаните и државата, односно народните пари завршувале во џебови на поединци наместо за развој.
Ваквото однесување го поткрепува и Државна ревизија, или со ревизијата завршена во мај 2023 година се гледа дека неосновано се трошеле стотици милиони евра народни пари.
Извештајот констатира дека преку владината потпрограма Мерки за справување со ковид кризата, исплатени се средства во износ од над 6 милијарди денари или околу 100 милиони евра. Станува збор за пари исплатени без утврдени критериуми во однос на избор на институции и износот на одобрените неповратни финансиски средства.
Според Извештајот на Државна ревизија при поделбата на овие 100 милиони евра, 33% од примателите на средствата немаат доставено извештај за реализираните активности до Владата. Или на владата на СДС и ДУИ и летнале 33 милиони евра во нечии џебови.
Колку за илустрација, овие околу 100 милиони се средства со кои можеше да се изгради нов клинички. Или за споредба, изградбата на нов клинички центар во Скопје според проектот од 2017 година ќе чинеше 128 милиони евра.
Оттука владата на СДС и ДУИ, средства колку за нов клинички, ги дели на сомнителен начин и без процедури.
Ова е само дел од злоупотреби констатирани од Државниот завод за ревизија. Продолжуваме со објава на детали од истиот Извештај во однос на други злоупотреби. Секој што постапувал спротивно на правните норми мора да одговара.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Одложен е тендерот на кој ЕСМ требаше да понуди цена по која ќе му продава струја на ЕВН
-
Тема на денот со поранешните конгресмени Дејвид Хагс и Бил Флорес
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката
-
Втор ден комисиска расправа за буџетот - За власта развоен, за опозицијата погубен
-
Заврши рокот за докомплетирање на документации: Локална самоуправа ќе открие која Општина за што добила пари
-
Претходното раководство на Пошта од централниот објект сакало да направи кабаре