ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ 3 години крадат од пензионерите, за сега да го вратат методот кој го укинаа
СДСМ и ДУИ 3 години крадат од пензионерите, за сега да го вратат методот кој го укинаа, но не и украдените пари.
Растот на пензиите согласно просечната плата и трошоците за живот е модел кој беше воведен од владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2012 година, и важеше се додека СДСМ и ДУИ не го укинаа во 2018 година.
Откако СДСМ го укина моделот за покачување на пензии на ВМРО-ДПМНЕ пензиите не беа покачени ниту еднаш, а пензионерите изгубија пари, кои требаше да ги добијат како резултат на покачувањето кое ќе се случеше доколку моделот останеше во сила.
Парите кои требаше да бидат наменети за пензионерите владата ги намени за тендери, и непродуктивни расходи. Па така имаше повеќе за Заев, Ковачевски, Каевски, Груби и другите од голтари да станат милионери.
Покачувањето со кое сега СДСМ се фали не е вистинско, и нема да ги надомести украдените пари на пензионерите.
Наместо со половични решенија, СДСМ и ДУИ да го прифатат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за раст на пензиите за 20%, со тоа реално ќе биде запазен стандардот на пензионерите и ќе биде вистинска помош за нив.
Ново на Сител
-

Фицо: Постои растечка недоверба во ЕУ поради Украина
-

Орбан: Зеленски мора да знае дека може само да изгуби со напад врз Унгарија
-

САД на полноќ ќе престанат да ги наплаќаат царините кои Врховниот суд ги укина во петокот
-

Јавна дебата на УКИМ за предлог-законот за високо образование
-

Ниски утрински температури, преку ден сончево со температури до 16 степени
-

Поради зимска бура затворени училишта на североистокот на САД, откажани илјадници летови
-

Уапсен Артан Груби | ВИДЕО
-

Леброн Џејмс прв играч во историјата на НБА кој достигна 43.000 поени
