ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ должи одговор на граѓаните зошто никогаш не бил заинтересиран за здравјето на граѓаните
ВМРО-ДПМНЕ во реакција на соопштението на СДСМ за загдувањето на воздухот наведува дека СДСМ попусто се обидува да ја манипулира јавноста и дека наместо тоа должи одговор на прашањето зошто никогаш не бил заинтерсиран за здравјето на граѓаните.
Во реакцијата стои дека за слабиот рејтинг на СДСМ не е виновно ВМРО-ДПМНЕ, туку нивната несериозност.
- Сериозна партија немаше да го игнорира загадувањето „за да не си отвори работа“ како што тоа го направи СДСМ. Затоа СДСМ немаше ниту поставено мерни станици за загаденоста на воздухот, наведува во реакцијата ВМРО-ДПМНЕ и додава дека министрите за животна средина во владите на СДСМ се познати по големото ништо што го направија за справување со проблемот со загадувањето на воздухот.
Додаваат дека за разлика од СДСМ, владата на ВМРО-ДПМНЕ го спроведе законот сите индустриски капацитети да ги осовременат своите технологии до 1-ви април 2014 година, проширија булевари во Скопје за побрз проток на сообраќајот, набавени се нови автобуси, направен е проект за гасификација....
Ново на Сител
-
Митинзи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Гостивар и Тетово
-
Митинзи на СДСМ и коалицијата во Гевгелија и Валандово
-
Застрелан носителот на листа на ДУИ во Липково
-
Уапсени управители на старечки дом во Капиштец, се сомничат за нехуман третман на корисниците
-
Тема на денот со Борис Ѓорѓиевски, Дојче Веле
-
Почнува пријавување за бесплатната вакцинација против грип за ризичните групи
-
Апсење за нехуман третман на стари лица
-
4% инфлација во септември