ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да не меша баби и жаби, и да каже зошто Македонија е црна дупка и нема вакцини
Февруари дојде, а вакцини се уште нема. Цел регион масовно се вакцинира, а во светски рамки бројот на вакцинирани го помина бројот на заболени, само во Македонија абер нема од вакцина.
И наместо Филипче да каже што правеше до сега и зошто не набави вакцина, прави муабет за ланскиот снег.
Филипче директно го загрозува јавното здравје со секој поминат ден без вакцини.
Македонија оди кон 3000 жртви од КОВИД, луѓе од кои дел можеби ќе биле живи доколку вакцината во Македонија дојдеше како и во сите нормални држави.
6 месеци поминаа, што е доволно долг период да се договори вакцина, но дали наместо договарање вакцина Филипче договараше аванта?!
Филипче да каже до кога граѓаните ќе бидат жртви на лошиот менаџмент во здравството. До кога луѓе ќе ни паѓаат по улици на само 50 метри од болници, а ќе чекаат брза помош 30 минути?! До кога инфузии ќе се примаат во двор на болница?! До кога живи пациенти ќе лежат до починати?! До кога ќе ги прави граѓаните дека ништо не разбираат?!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Путин верува дека САД вложува „искрени напори“ за прекин на војната во Украина
-
Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година
-
Ангелов: Спречено проширување на пожарот во „Јасен“
-
Во Црна Гора и натаму активни повеќе пожари, но без нови жаришта
-
Царинска управа: Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо
-
Тројца малолетници нападнале свој врсник во Кисела Вода и пробале да му го одземат телефонот
-
На пешачки премин удрено 9-годишно девојче
-
Во домот на 16-годишник пронајдени марихуана, кокаин, пиштол и куршуми