ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ блокира готови проекти
ВМРО-ДПМНЕ денеска во соопштение ја критикуваше СДСМ за, како што велат стопирањето на проектот за изградба на клиничкиот комплекс Мајка Тереза во Скопје за кој истакнуваат дека имало и договорор за изградба и обезбедени пари.
- СДС не само што блокира готови проекти, туку и безмилосно троши народни пари, а зад себе нема никаква реализација. Тие за три месеци од девизните резерви и од распишаните аукции на државни хартии расипнички потрошија над 320 милиони евра, пари со кои можеше да се изградат речиси пет други слични клинички комплекси низ пет различни региони во Македонија и на тој начин да се издигне здравството на повисоко рамниште, стои во соопштението.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Владата со неодговорно трошење на парите сериозно ја загрозува Македонија.
- Заради вакво неодговорно и неспособно раководење со државата Зоран Заев и СДС на 15-ти октомври од граѓаните ќе бидат казнети и ќе доживеат катастрофален пораз, што ќе биде јасна порака од народот до нив и нивната деструктивна и недомаќинска работа, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Комисиска расправа во Собрание
-
Тема на денот со Константин Димитров, професор и експерт по енергетика
-
Реорганизација на министерствата ќе се носи по скратена постапка
-
Гаши се пишмани: Мојата татковина е Северна Македонија
-
Критично со хируршките сали
-
Трошоците за живот и натаму растат
-
Загрижувачки пад на наталитетот
-
Странските универзитети поинтересни за идните студенти