ВМРО-ДПМНЕ: СДС немаат легитимитет да зборуваат за цената која ја плаќаат за еврообврзницата

ВМРО-ДПМНЕ во пишаната реакција на соопштението на Министерството за финансии наведува дека СДС немаат легитимитет да зборуваат за цената која ја плаќаат за еврообврзницата.
Поради нивната антидржавна политичка кампања што ја водеа минатата година, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, сега граѓаните плаќаат 20 милиони евра повисока кампања.
- Благодарение на писмата кои тие како партија ги пишуваа до инвеститорите и ги повикуваа да не ја купуваат еврообврзницата тие ги чинеа македонските граѓани 20 милиони евра. Ова беше рамно на финансиски тероризам против својата земја. Сега хипокризијата во СДС го достигна врвот. Сега тие лицемерно изјавуваат дека затоа што се поправила политичката ситуација се намалила каматата. СДС беше причината за кризата, стои во реакцијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, СДС била партијата која креирала хистерија и тоа била причината за повисоката камата.
- Пазарот на пари беше и тогаш и сега ликвиден, односно има пари, но СДС секогаш е причината поради кои граѓаните скапо плаќаат. Вака ќе биде ситуацијата со пазарот на пари се до следната хистерија која СДС ќе ја предизвика, се наведува во реакцијата.
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
