ВМРО-ДПМНЕ: Протест во сабота пред МЗ, оставка на Филипче за спас од неспособноста која убива
Филипче и Заев се одговорни за 4.357 жртви од корона.
Додека целиот свет беше во потрага по вакцини, Заев и Филипче беа во потрага по провизии за кинески вакцини.
Денес овие луѓе што умираат немаше да починат, доколку Заев и Филипче не возеа мотори туку обезбедеа вакцини.
Крвави се рацете на Филипче и Заев кои од државата направија кланица во која гробиштата се полни, а парковите празни.
Додека луѓе умираат, единствено што се гради е хациендата на Филипче на Водно.
Медицинскиот персонал голорак се бори против корона пандемија.
Вакцините ги има само во изјавите на Филипче, граѓаните не ги гледаат.
Да го подготвеа здравствениот систем по појавата на корона вирусот ситуацијата ќе беше поинаква. Граѓаните ги оставија да молат за лек, да молат за болнички кревет, да се задолжуваат. Медицинскиот персонал го истоштија.
Заев и Филипче се успешни во една работа – во земање провизии.
Затоа ќе протестираме и оваа сабота.
Да го измиеме срамот на Филипче и Заев.
Да повикаме оставка на Филипче за спас на народот.
Оставка на оние кои на своја совест носат 4 357 мртви. Протест на ВМРО-ДПМНЕ во сабота во 11.30 часот, пред министерството за здравство. Оставка на Филипче, за спас од неспособноста која убива.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
ЦУК: Од вкупно 22 пожари на отворен простор се уште активни се пет
-
Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија
-
Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути
-
Тошковски: Постапуваме за дивоградбите, имаме наредба од ЈО, резултати наскоро ќе бидат видливи
-
Обвинителството поднело жалба за мерката куќен притвор за 25-годишниот возач на мотоцикл што прегази маж на Кеј и избега
-
Бајач oд скопско наплатил 400.000 евра на брачен пар за да растури „зла магија“ направена на нивниот син | ФОТО
-
Националната мрежа на земјоделци смета дека откупната цена на лебното зрно од 12 денари е ниска
-
ЦУК: Осум пожари на отворен простор, четири се активни