ВМРО-ДПМНЕ: Продолжуваме со подобрување на образовната инфраструктура
ВМРО-ДПМНЕ информира дека во тек се јавни повици за изградба на објекти на три нови училишта - ОУ „Вера Јоциќ“ во Хиподром, ОУ „Димитар Македонски“ во Лисиче и доградба на ПОУ „Кирил и Методиј“ во тетовското село Фалише.
- Станува збор за изградба на нов објект на ОУ „Вера Јоциќ“ во населбата Хиподром, со површина од 2100 метри квадратни и капацитет од 600 ученици, инвестицијата е околу 1,2 милиони евра. Дополнително по изградбата на новиот училишен објект ќе се започне и постапка за изградба на спортска сала во рамки на ова училиште, рече на прес-конференција Тимчо Муцунски.
Новиот објект за ОУ „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче ќе биде со површина од 2.840 квадратни метри и наменет за 700 ученици, односно по 350 во една смена. Инвестицијата е вредна 1,2 милиони евра. Третиот јавен повик е за прибирање понуди за доградба на училници и дополнителни простории за потребите на подрачното основно училиште „Кирил и Методиј“ во тетовското село Фалише.
- Дополнително во моментов се одвива и реконструкција на три училишни објекти на основното училиште „Маршал Тито“ во струмичко Муртино, каде се поставува систем за греење, основното училиште „Кирил и Методиј“ во Велес, каде се врши рехабилитација на фасадата и подовите, и средното училиште „Ибрахим Темо“ во Струга, каде се реконструираат санитарните јазли. Вкупната инвестиција е во вредност од 11,3 милиони денари, истакна Муцунски.
Посочи дека во изминатите години значително е подобрена образованата ифнраструктура, изградени и доградени се 74 основни и средни училишта, извршена е санација и реконструкција повеќе од 400 основни и средни училишта и изградени се 98 спортска сала. Нагласи и дека подобрувањето на инфраструктурата во образованието останува и понатаму во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ и во новата програма „Реално“.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата