ВМРО-ДПМНЕ: Продолжува инвестицискиот циклус во здравството
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во континуитет продолжува да инвестира во здравството, во здравствената инфраструктура, обука и едукација на здравствениот кадар.
Ова денеска на прес-конференција го истакна Марија Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ, која рече дека новиот циклус инвестиции почнува со тендерот за набавка на опрема за Клиничката болница во Тетово, вреден околу 2 милиони евра со кој што ќе се набават повеќе од 1.200 парчиња медицинска опрема.
Таа рече дека овој циклус инвестиции е вреден 33 милиони евра со кои што ќе се набави опрема за над 100 јавни здравствени установи низ целата држава.
- Досега само во набавка на најсовремена медицинска опрема се инвестирани над 115 милиони евра со што значително се подобри здравствената услуга за граѓаните и се зголеми капацитетот на здравствени услуги кои што ги пружаат установите. Со ваквите инвестиции се обезбедија голем број мамографи, томографи, рентген апарати и други современи медицински апарати во повеќе здравствени установи, а со тоа граѓаните добија подостапни дијагностички услуги во рамки на градовите и регионите каде што живеат, потенцира Јакимовска.
Според неа, вакви сериозни циклуси на инвестиции се реализираат само во време на Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
- Жалиме што претходно СДСМ никогаш немаше слух за подобрување на капацитетите и опременоста на здравствените установи во државата. Тие трошеа сериозни суми на име на здравствен буџет во државата, а од тоа никој не гледаше ниту апарати, ниту подобрена инфраструктура. Единствено по кое јавноста го памети времето на СДСМ беше набавката на скап накит, сомнителни тендери за стентови и континуирани кризи со лекови. ВМРО-ДПМНЕ и во иднина ќе продолжи да работи на подобрување на здравствениот систем во државата. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го ветува, тоа секогаш и го остварува, додаде Јакимовска.
Ново на Сител
-
Тепачка во Виница, едно лице завршило на Клиника во Скопје
-
Наставник физички нападнал ученик во Кисела Вода
-
Тешко повреден полицаец откако во него удрило патничко возило
-
Прегазен пешак во Охрид
-
ДИК ги утврди изгледот и содржината на гласачкото ливче
-
Кашиковски: Ако не биде исплатена августовската плата, од понеделник вработените во „Флораком“ и „Луна“ повторно на протест
-
Ристески: До крајот на годината ќе бидат изречени првите казни за компаниите кои не го почитувале Законот за нефер трговски практики
-
Се прават подготовки за пуштање на топловодната мрежа за грејната сезона