-->
-->
Груби ја повика турската заедница во земјава на соработка во процесот на пописот
-->
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска имаше средба со претставници на турската заедница во земјата во врска со пописните активности во државата.
-Преку оваа средба, Груби и претставници на турската заедница го повикаа населението масовно да се регистрира бидејќи е важно секој граѓанин и заедница да се регистрира, додека преку личности кои имаат влијание врз општеството да му се пренесе пораката на секој граѓанин за важноста на овој процес, соопшти Кабинетот на вицепремиерот.
Вицепремиерот Груби изрази отвореност за соработка со турската заедница и сите заедници во Република Македонија, се додава во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зголемени водостоите на езерата и реките
-
За викендот стабилно време, со ниски утрински температури
-
Три лица фатени при нелегален транспорт на огревно дрво
-
Обвинетите за пожарот на Вардариште признаа вина
-
Одобрено обвинението за пожарот во Кочани
-
30 години од атентатот врз Глигоров
-
Во Маврово над 30 сантиметри снег, вработени во НП Маврово ги чистат паднатите дрвја | ФОТО
-
Разрешен судијата Беџети