ВМРО-ДПМНЕ предложи уште 16 кандидати за градоначалници
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната редовна седница избра уште 16 кандадати за градоначалници за претстојните локални избори.
За кандадат за градоначалник на општина Сопиште е избран Јане Мицески, за Кичево Александар Јованоски, за Крива Паланка Оливер Алексовски, за Маврово и Ростуше Омер Јакупоски, за Кривогаштани Сашо Ронковски, за Шуто Оризари Ерџан Демир, за Крушево Нико Чонески, за Валандово Ѓоко Камчев, за Виница Митко Костадиновски, за Демир Хисар Никола Недоски, за Чешиново Облешево Јордан Костадинов, за Радовиш Љупчо Почиганец, за Чашка Дејан Андоновски, за Прилеп Дејан Проданоски, за Струмица Петар Јанков, за Неготино Благој Ацев.
За Кисела Вода, како што рече генралниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски, се уште траат анкетите и во најбрзо време ќе биде одлучено кој ќе биде кандидат.
-Во Куманово и Центар ќе се поддржат кандидатите кои ќе бидат предложени од коалицискиот партнер ЗНАМ. Убедени сме во способноста на секој избран кандидат. Тоа се луѓе кои се докажани во своите област и сектори на работа. Секој кандидат е почитуван како индивидуа во населеното место од кое доаѓа. Важат за искрени, честити и работливи луѓе кои си го одржуваат дадениот збор и кои ќе бидат вистински татковци на градот, изјави генралниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски по седницата на Извршниот комитет.
Извршниот комитет, како што кажа, врз основа на внатрепартиските анализи и сондажи заклучи дека ВМРО-ДПМНЕ оди на уште една историска победа на претстојните локалните избори.
МИА
Ново на Сител
-
Во Неготино поставени телескопи преку кои се набљудува затемнувањето на Месечината
-
Сообраќајка на патот Штип - Плачковица, сообраќајот во прекин
-
Лихтенштајн совладан убедливо со 5:0 за враќање на прво место во групата
-
Трамп подготвен за нови санкции против Русија
-
Приведен 18-годишен скопјанец кој се заканувал со пиштол пред угостителски објект
-
Пожарот над скопски Раштак ставен под контрола, нема опасност по објектите
-
Пронајдена дрога во дом на скопјанец, овозможил и друго лице да користи кокаин
-
Кај малолетник од Скопје пронајдени пиштол и куршуми