ВМРО -ДПМНЕ: Правдата да важи и за високите државни и партиски функционери
Правдата мора да важи подеднакво за сите, вклучувајќи ги и високите државни и партиски функционери од СДСМ.
Република Македонија е жртва на криминалниот октопод на чие чело е аболицираниот Зоран Заев. Македонската граѓани се жртва на СДСМ кој своите криминални пипци ги рашири во секоја пора од општествениот живот.
Никој не може да ја убеди јавноста дека човек како Зоран Заев кој е веќе три пати аболициран за тежок криминал не е вмешан во случајот Рекет. Јавноста не верува дека Зоран Заев не е главата на криминалниот октопод на СДСМ. Одговори мора да има кои високи државни и партиски функционери на СДСМ се вмешани во скандалот со изнудата и рекетот на политичари, бизнисмени и граѓани.
Одговор мора да има зошто ниту еден обвинител не е осомничен во овој случај и покрај признанието на Вилма Рускоска дека на доказите кои обвинителството ги поседува се слуша гласот на уште едно лице, обвинител?Дали овој обвинител е Катица Јанева, за која се шпекулира дека веќе ја има напуштено државата? Зошто доколку се работи за Јанева таане е осомничена и не се наоѓа во притвор?
Одговор од обвинителството мора да има и за тоа дали некои други луѓе од власта се вмешани во аферата рекет и доколку има за кои лица станува збор.Обвинителството мора да се ослободи од стегите на власта и да постапува во согласност законите.
Правдата мора да важи подеднакво за сите, вклучувајќи ги и високите државни и партиски функционери од СДСМ. Доколку обвинителството не е на ниво на задачата и не се одважи да донесе правда воМакедонија, правдата ќе се врати кога Зоран Заев ќе си замине. Кога правдата во Македонија ќе се врати ќе одговараат сите оние кои го прекршиле законот и оние кои биле должни да го гонат криминалот, а наместо тоа се ставиле во заштита на истиот.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Почна метеоролошката зима, календарската доаѓа за дваесет дена
-

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии
-

УЈП: Повратот на средства од МојДДВ за третиот квартал не е прекинат, ниту откажан
-

За 12 часа регистрирани над 65.000 сообраќајни прекршоци
-

Лишено од слобода лицето што му се заканувало на кавадаречкиот градоначалник
-

Милевски повеќе не е селектор на македонската репрезентација
-

Нормализиран сообраќајот на ГП Дојран
-

За еден денар поевтинуваат дизел горивата

