ВМРО-ДПМНЕ: Постои сомнеж дека Груби го добил аудито затоа што влијаел врз милионски тендер
Постои основан сомнеж дека Груби го добил аудито затоа што влијаел врз милионски тендер и купопродажба на хотел на Попова Шапка - ОЈО да го испита случајот
Изгореното Ауди во дворот на Груби отвори сомнежи за тежок криминал, злоупотреба на службена должност и трговија со влијание. Всушност еден криминален чин на виделина извади друг. Но Јавното обвинителство молчи како да има дадено омерта, колку и да звучи тоа парадоксално.
Имено аудито кое е запалено го поседувала компанија на близок пријател на Артан Груби. Оваа компанија по багателна сума од 55.000 евра купува хотел на Попова Шапка од градежна компанија која во меѓувреме добива милионски тендер од владата во која Артан Груби е вицепремиер. Како круна на се Артан Груби добива право на користење на аудито 8 дена откако фирмата која му го дава купува хотел на Шапка по багателна цена.
И зарем во ова нема ништо сомнително за обвинителството?!
Кој дава туку така вакво луксузно возило на користење, ако се има предвид дека го купил 80.000 евра?! Дали Груби го искористил своето влијание за милионскиот тендер, дали барал градежната компанија која го добила тендерот да му го продаде хотелот на Попова Шапка по багателна цена на компанијата на својот пријател и на крајот дали за ваквиот бизнис Груби бил честен луксузно возило?
Овие прашања Груби очигледно не ги одговара, но Јавното обвинителство е по службена должност е повикано сето ова да го испита. Овде смрди на матна зделка, која ако не сега во иднина ослободените правосудни институции ќе ја проверат.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
На Табановце зголемена фреквенција на возила за влез и излез од државата
-
Спиењето на стомак влијае лошо на човековото здравје
-
Дисциплинска комисија на ФФМ: Одземени 9 бода на ФК Гостивар и десет натпревари забрана за настап на свој терен
-
САД се повлекуваат од посредништвото во мировните преговори меѓу Украина и Русија
-
Приведен 32-годишен криминалец од Скопје баран со потерница за затворска казна од две години
-
Кривична против полициски службеници од сообраќајна патрола во Скопје за „попречување на правдата“
-
Мицкоски: Состојбата во владината коалиција е одлична, ќе се случи средба со Таравари
-
Сите 80 општини поднеле апликации за реализација на проекти од вториот владин повик