ВМРО-ДПМНЕ: Поради ваквите пресуди на судовите, како за 11-годишната Магдалена, судството на СДС и ДУИ има 1% доверба од граѓаните
Преиначувањето на пресудата од 18 години затвор, на 8 години, од страна на Апелација, за Николов, кој во Велес ја прегази малата Магдалена и ја повреди нејзината мајка, е во најмала рака срам за државата и судството, кое веќе нема ни 1% доверба кај граѓаните.
Како олеснителни околности, судот навел дека лицето кое го извршил овој акт, бил млад и не бил женет.
Прашањето е како тоа олeснителни околности се лице кое вози под дејство на алкохол, прегазува мало девојче на пешачки премин, воедно ја повредува нејзината мајка и притоа не застанува, не дава прва помош, туку напротив се дава во бегство, каде неколку дена го бара полицијата?
Ова се случува кога цвета корупцијата во судството и кога судиите се избираат во партиските штабови на ДУИ и СДС.
Правда и одговорност мора да има за сите инволвирани во овој трагичен настан, тоа го бараат граѓаните.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени
-
Компаниите од штипската тир зона не се заинтерсирани за вклучување во дуалното образование
-
Дел од еколозите против издавањето на езерото под концесија