ВМРО-ДПМНЕ: Поради политичката криза неможе да се реализираат проектите за граѓаните
ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција обвини дека СДСМ веќе две ипол години со политичката криза ја попречува реализацијата на проекти од кои директна корист имаат граѓаните.
- Дел од тие проекти коишто не може да започнат со реализација е и проектот „Од град во село за нов почеток“. Целта на овој проект е да се обезбедат услови и мерки преку кои ќе се стимулира враќањето на животот во селата и унапредување на социо-економските услови за живот во руралните средини во државата, истакна Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи дека преку проектот се предвидуваат голем број бенефити за граѓаните како што се субвенционирање на трошокот за купување, реновирање или градба на куќа до најмногу 6.000 евра, доделување на еднократна месечна парична помош во висина од 15.000 денари месечно во тек од 18 месеци или вкупно 270 илјади денари, можност за користење на поддршката за 60 проценти државно кофинансирање на различни типови на земјоделски инвестиции, 80 проценти државно кофинансирање за инсталирање на системи за наводнување „капка по капка“, бесплатно користење на државно земјоделско земјиште до 3 хектари....
- Овој проект претставува одлична можност за оние кои се невработени, а живеат во град, преку својот труд, со исклучителна поддршка од државата да дојдат до свој дом, своја работа и свој бизнис. Ова престаавува вистинска грижа за граѓаните и развојот на државата, рече Стојаноски.
Ново на Сител
-
Културните работници ќе останат без плата за Велигден
-
Teма на денот со Јорданчо Ефтимов
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Бектеши останува во 30 дневен притвор – Папазов оди дома
-
Обвинителството бара повисока казна за возачот кој ја прегази Теодора
-
Стручен надзор на Кардиохирургија
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот