ВМРО-ДПМНЕ: Пописот е политички што се гледа и во правото на вето доколку резултатите не испаднат како што се договорени

СДСМ и криминалецот Зоран Заев ќе бидат единствените виновници доколку таканаречениот попис пропадне.
Власта истурка на сила закон за попис кој е полн со нелогичности, со застарена методологија која не е по препораките на Еуростат.
Изгласаа закон за попис кој ќе биде со врзан потпис, од страна на директорот кој е од СДСМ и заменик директорот на државниот завод за статистика кој е од ДУИ, и со тоа јасно се гледа дека ова ќе биде политичка, а не статистичка операција.
Деновиве се погласно се зборува дека веќе меѓувладините коалициони партнери однапред ги договориле резулатите од оваа политичка операција. Токму затоа вакавата операција ВМРО-ДПМНЕ нема да ја прифати.
ВМРО-ДПМНЕ преку пратениците во Собранието се обиде да учествува во носењето на овој закон за попис, преку амандмани на овој закон, но власта како и многу пати до сега, тотално ја игнорираше опозицијата кога се работи за крупни прашања ки се во интерес на сите граѓани.
Повторно го повикуваме претседателот Пендаровски да се одважи и да не биде барем еднаш пиун на криминалецот Заев и да не го потпише овој штетен закон за попис.
Доколку Пендаровски го потпише овој закон, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги собере потребните потписи на пратеници, но и ќе побараме и широка народна поддршка преку собирање на потписи на граѓаните. Доколку оваа ненародна власт реши да ја игнорира волјата на народот и продолжи насилието, нам како опозиција ќе ни даде легитимитет да не ги признаеме резулатите од оваа политичка, а не статистичка операција.
Зоран Заев не успеа да направи консензус за ниедно важно прашање во општеството, ниту за договорот или пак за Анексот со Бугарија, ниту за здравствените состојби и нивното надминување, ниту сега за пописот! И за тоа Зоран Заев заедно со своите послушници ќе сносат одговорност!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Еј-Би-Си: САД испраќаат 2.200 маринци на бродови кон Блискиот Исток
-

Како Brainster ги поместува границите на образованието? | Ања Марија Макеска | Sitel Podcast 141
-

Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова
-

Трамп изјави дека САД и Израел „многу силно“ ќе го удрат Иран во текот на следната недела
-

Висок ирански свештеник побара од папата да го осуди убиството на ајатолахот Али Хамнеи
-

Трамп изјави дека Путин можеби „малку“ му помага на Иран
-

Мерц повикува на „убедлив план“ за да се спречи „бескрајна“ војна со Иран
-

Албанија со Резолуција ќе го прогласи Иран за државен спонзор на тероризмот, а ИРГЦ и Хезболах за терористички организации
