ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на СДСМ душмански ја уништуваат економијата, со „ѓубре“ кредитен рејтинг
Политиките на владата на Зоран Заев донесоа рекордна невработеност, историски најголем долг на државата, и кредитен рејтинг кој е именуван со поимот „ѓубре“.
60 илјади новоневработени потврдуваат дека Владата нема концепт за поддршка на економијата. Просечната плата расте затоа што поголем број на луѓе со ниски примања остануваат без работа, додека добро платените места вештачки го креваат просекот.
Нема простор за фалење зошто половина милион граѓани живеат со 2 евра на ден во сиромаштија, додека долгот на државата никогаш порано не бил поголем.
Фашистичките мерки на владата против КОВИДОТ дополнително го уништуваат стопанството, нема бизнисмен кој е задоволен. Работниците од „Баргала“, „Еурокомпозит“, „Колска“ се уште се без примања. Владата душмански ја уништува економијата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Мицкоски го повика Филипче лично да му го претстави планот за лидерска
-
СДСМ бара одговорност за Тошковски
-
Денеска нема исписи на пациенти повредени во пожарот во Кочани – 105 во болниците во земјата и странство
-
Детектор анкета: Стабилна поддршка за ЕУ членство, песимизам за прием
-
Големо парче лим откорнато од зграда во Капиштец виси на дрво и може да падне врз минувачите
-
Граѓаните од муслиманската вероисповед денеска го празнуваат Рамазан Бајрам
-
Апел за обука на угостителите