ВМРО-ДПМНЕ: Полицијата и јавниот обвинител да преземат мерки против Максим Димитриевски
Драган Петковски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција истакна дека полицијата и јавниот обвинител мора веднаш да преземат мерки против пратеникот Максим Димитриевски.
- Насилникот може да продолжи да напаѓа и физички да се пресметува со сите кои не размислуваат како него. Неколку дена претходно и претседателот на општинската организација на СДС во Куманово нападна и повреди граѓанин кој учествуваше на мирен и достоинствен протест „За заедничка Македонија“, чиј единствен грев беше тоа што си ја сака татковината и не дозволува криминалците да ја раскрчмуваат и да реализираат тирански платформи, рече Петковски.
Пратеникот Максим Димитриевски, како што нагласи, мора да одговара поради тоа што му скрши два заба на момче кое нарачало патриотска песна.
- Димитриевски нападна момче само затоа што пеело македонска народна песна. Наместо да се извини пред целата јавност и покрај кривичната, да понесе морална одговорност како сериозен политичар, како маж, тој дрско и безобразно се обидува преку соросовите медиуми да ја манипулира јавноста тврдејќи дека момчето само се повредило и си ги скршило забите, а шестмина полицајци што го нападнале со пиштоли не успеале ниту да го изгребат, потенцира Петковски.
Според него, насилството е единствениот аргумент кој СДС го користи во одбрана на намерата да ја спроведе тиранската платформа. Криминалците од СДС, како што рече, се уценети и ако не ја реализираат тиранската платформа ќе заглават по затвори.
Ново на Сител
-
Земјоделците се повеќе се заинтересирани за добивање на државно земјоделско земјиште под концесија
-
Преглед на вестите од светот
-
Ратификуван договорот за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Ратификуван договорот за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Ратификацијата на договорот со Британија пред пратениците
-
Изборот на гувернер заглави во Собранието
-
Владата донесе оперативен план за вработување кој опфаќа 16.000 граѓани, повеќето млади до 29 години