ВМРО-ДПМНЕ: Покачувањето на цената на кесите нова глоба за граѓаните, Владата да ја преиспита мерката
Покачувањето на цената на кесите нова глоба на товар на граѓаните, владата да ја преиспита мерката, најголем загадувач е индустријата која ги крши законите.
Парцијални мерки нема да го решат проблемот со загадување. Додека владата го спасува народот од најлонските кеси, големите капацитети и понатаму го трујат народот.
Народот не смее да биде тој кој ќе плаќа се.
Во ек на енергетска криза, инфлација и ценовен шок, покачување на цените на кесите е само уште еден удар врз народот.
Мерката за покачување на цените на кесите нема да го намали загадувањето, бидејќи најголем загадувач е индустријата која ги крши законите, а не народот.
И наместо реални мерки за борба против загадувањето и подобрување на животната средина власта одбира мерки кои нема ништо да променат, но ќе влијаат негативно врз џебот на народот, затоа бараме владата да ја преиспита мерката. Не им треба уште едно покачување на граѓаните.
Потребни се системски, а не парцијални мерки против загадувањето.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје