ВМРО-ДПМНЕ: Поддршка за граѓаните кои протестираат за вистината за пожарот во Тетово
ВМРО-ДПМНЕ изразува поддршка за луѓето кои мирно протестираа во Тетово како реакција на отсуството на одговорност кај власта поради запалената модуларна болница во која на трагичен начин животот го загубија 14 луѓе.
Изразуваме поддршка и за уапсените од протестите кои од власта се прикажани како наводно страшни учесници во толпа, наспроти снимките каде се приведувани во локалните угостителски објекти. Тоа е класичен израз на немоќ и паника, каде наместо со истрага, СДСМ и ДУИ удира пендреци по народ.
ВМРО-ДПМНЕ ги осудува сите обиди за политизација на протестите од страна на СДСМ и ДУИ.
Потрагата по правдата и вистината за пропустите на Филипче не смее да биде попречена од политизацијата наметнувана од владата на СДСМ и раководството на ДУИ.
Меѓу протестантите имаше и членови на семејствата на настраданите во несреќата, и нивната болка е поголема кога власта неоправдано ги третира како хулигани, што е срамно и безкрупулозно.
Наместо Филипче, Заев и Хасани да трошат енергија за дефокусирање на истрагата и политизирање на незадоволството, нека си поднесат оставка и да ја ослободат истрагата од притисоци. Вистината мора да се дознае и мора кривична одговорност за надлежните.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Изборен молк
-

Гласаат изнемоштени, болни и затвореници
-

Цеца на концерт во Велес развеа бугарско знаме
-

Бугарија забрани извоз на нафта, Македонија нема да биде погодена од ваквата мерка
-

Македонски Каритас преку проект ги мотивира младите за кариерен развој
-

Дневно во Клиниката „Козле“ имаат по 150 прегледи на болни деца
-

Рапиден раст на бројот на пациентите со мозочен удар
-

Балканскиот рис исчезнува
