ВМРО-ДПМНЕ: Пиунот Ковачевски да смогне храброст и да излезе на избори
Пиунот Ковачевски да смогне храброст и да излезе на избори без техничка влада, а за помалите партии предлог за една изборна единица.
ВМРО-ДПМНЕ е спремна да оди на предвремени парламентарни избори без техничка влада, и со тоа изборите да можат да се распишат во најкраток можен рок, без услов од 100 дена техничка влада. Така ќе се заштеди на време и новата влада ќе може бргу да почне да се справува со предизвиците пред кои е исправена државата.
ВМРО-ДПМНЕ е подготвена и на барањето на помалите партии кои бараа една изборна единица. ЛДП, ДОМ и ДС треба само да смогнат сили и да им кажат не на нивните раководства кои ги држат во влада за неколку директорски места или вработување на роднини на истите.
Владата со која управува ДУИ, а Ковачевски е само вршител на должност премиер не може да ја избави државата од ниту една од четири кризи во кои ја втурна токму оваа гарнитура на политичари.
Потребни се брзи предвремени избори и одговорна влада која ќе знае да се справи со проблемите.
Ново на Сител
-
Новите 352 пожарникари потпишаа договори
-
Тема на денот со Петар Богојески, Македонски концепт
-
Битката за Чаир клучна на локалните избори
-
Осуда од ВЛЕН за навивачките скандирања
-
Манасков: Брутална партизација на образованието пред избори
-
Петрушевски: Обвинителот Коцевски служи на СДСМ, наместо на народот
-
Громорозно убиство во Штип
-
Екс директорот на Геријатрија обвинет за земање поткуп, седна во судница