ВМРО-ДПМНЕ: Петтиот пакет на мерки нема да ја крене економијата
Зоран Заев ги остави фирмите без реална помош. 5 тиот пакет на мерки нема да ја крене економијата, туку само ќе го забрза колапсот.
Иако власта даде 350 милиони евра за економија од ветените 1.2 милијарди, нема никаков ефект. 55.000 луѓе останаа без работа.
Државата е задолжена, а никој не знае каде отидоа околу 900 милиони евра, пари кои беа ветени како мерки, но не легнаа ниту кај граѓаните, ниту кај стопанството.
Економијата колабира. Имаме пад на извозот и пад на БДП. Падот на Бруто домашниот производ во вториот квартал од 2020 година е поразителен, иако нашата земја не спаѓа во групата земји во кои туризмот игра значајна улога во создавањето на БДП, како што се медитеранските земји, Хрватска и Грција, од 38 економии за колку што постојат податоци, а само 9 имаат повисок пад на БДП од Македонија во вториот квартал на 2020 година, а 28 земји помал.
Мерките на Заев очигледно не се насочени за помош, тие не се правилно димензионирани и не го постигнуваат посакуваниот ефект.
Од мерките остануваат само пресовите на Заев, на кој гледајќи преку розеви очила ја убедува јавноста колку економијата блеска.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Македонските компании не знаат за ЕУ стандардите
-
Преглед на вестите од светот
-
Производителите на пченица бараат повисоки откупни цени – откупувачите не даваат
-
Тема на денот со Горан Благоев, верски аналитичар и историчар од Софија
-
Коце Трајановски нов директор на Државни патишта, СДСМ критикува
-
Чибишев и поднел пријава на Бесија Иљази зошто незаконски им исплатила 650.000 денари на договорците
-
Судскиот совет има напредок, но и уште многу работа - Реакции на меѓународната заедница
-
Радев: Мицкоски нема познавање од меѓународно и уставно право