ВМРО-ДПМНЕ: Пет проценти од собранискиот состав е во притвор
ВМРО-ДПМНЕ бара итно ослободување на сите притворени за случувањата во Собранието од 27 април и најавува дека дотогаш ќе продолжи да протестира.
Опозициската партија во судските одлуки за притвор кои денеска им беа изречени на уште шест пратеници, препознава реваншизам, тенденциозен атак и процеси на политички прогон.
- Денес е уште еден црн ден за демократијата во Македонија. Хунтата под водство на Зоран Заев продолжи со притворање на сите што не се плашеа гласно да се спротивстават на антидржавните политики што СДС ги спроведува периодов. Бараме итно и безусловно стопирање на малтретирањата, теророт и изживувањето кое го прави СДС, рече вечерва на прес-конференција генералниот секретар на партијата Христијан Мицкоски, додавајќи дека ова не е демократија, туку тиранија.
Според него, веќе пет проценти од собранискиот состав е во притвор.
- Со ваквиот начин на делување хунтата на Зоран Заев ги закопува сите можности за нормално функционирање на Собранието и институциите кои би требале да ја контролираат извршната власт. Ги закопува сите можности за дијалог и си обезбедува неконтролирана моќ, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Еден загинат и четворица повредени градежници во Кисела Вода
-

Синдикатот на градежници бара инспекциски надзори пред трагедија, а не откако ќе загине работник
-

Кој се е инволвиран во илегалниот увоз на ботокси и филери?
-

Подготвително рочиште за деветтемина полицајци обвинети за поврзаност со пожарот во „Пулс”
-

За Филипче власта ретерира од забраната за двојно државјанство
-

Сиљановска Давкова бара конструктивност од Радев, Мицкоски потврди - Бугарија уште 2 пати не блокираше
-

„Како ќе контролира рудник, човек кој не може да реши 10 крави“ – Нови тензии меѓу Филипче и Митовски
-

Пекарите идната недела ќе одлучуваат за цената на лебот
