ВМРО-ДПМНЕ: Пензионерите не заслужуваат лага и манипулација
Скопје, 20 јануари 2021
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ја информирше јавноста дека со јануарската пензија, пензионерите ќе го добијат усогласувањето на пензиите по Закон, што според неа значи „зголемување“ на минималната пензија за 134 денари, а просечната за 185 денари месечно.
Ова е уште една ноторна лага и класично непознавање на проблематиката, како и манупулација со пензионерите, земајќи во предвид дека наместо покачување на пензиите, сега се случува континуирано намалување на стандардот на пензионерите, односно реално нивно осиромашување.
Имено, законското усогласување на пензиите е обврска која се прави двапати годишно и е рефлексија на порастот на месечните животни трошоци од минатата година и истото не влијае на подобрување на животниот стандард на пензионерите во годината што следува, туку е само делумен обид за ублажување падот на нивнот животен стандард.
За жал, вториот индикатор (просечната плата) повеќе не се користи и затоа покачувањето на пензиите е симболично, повеќе смешно и потценувачки, кое индицира дека животот поскапува и дека има инфлација. Да останеше вториот столб со кој што се следеше растот на просечната плата во Македонија, сега пензионерите со овие четири нивелирања на пензиите ќе имаа за најмалку 2.800 денари повисоки пензии. Но наместо нив, СДСМ се пофали со раст од 134, односно просечни 185 денари по пензија.
Во оваа насока сакаме да ја потсетиме јавноста дека секогаш кога СДСМ е на власт удира по џебот на пензионерите. За разлика од СДСМ, во периодот од 2006 до 2016 година, кога Владата беше предводена од страна на ВМРО-ДПМНЕ преку линеарното покачување на пензиите се обезбеди континуиран раст на пензиите во периодот со што просечната пензија во Македонија се зголеми за дури 79 проценти.
ВМРО-ДПМНЕ ја осудува манипулацијата на СДСМ со пензионерите, ја повикува Владата да ги исполни ветувањата кон пензионерите и да направи реално покачување на пензиите преку што би се подобрил стандардот на живеење на оваа категорија на граѓани. Пензионерите не заслужуваат лага и манипулација, а ние како политички партии потребно е да покажеме грижа и да се бориме за нивни мирни и достоинствени пензионерски денови.
Со почит,
Комисија на ВМРО-ДПМНЕ за труд, социјална политика, демографија и родови прашања
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
ОЈО Скопје ќе бара од МВР распишување национална потерница и меѓународна потерница за Груби и Бајрами
-
Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Брисел
-
10 години Брза Кујна | Никола Мишковски и Сања Савеска | ПРОфесија | Sitel Podcast 075
-
Груби недостапен, Судот му одреди 30 дена притвор
-
МВР поднесе кривични пријави против поранешен директор на Градски трговски центар - Скопје и тројца вработени
-
Кривични пријави за Груби, Ковачевски, Прпарим и уште пет лица
-
Театрите и Филхармонијата со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024
-
Расчистено убиство во обид во Скопје, поднесена кривична пријава против две лица