ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски и Ковачевски ги девалвираат институциите
Пендаровски и Ковачевски ги девалвираат институциите, првин кажаа дека странски агентури шират антимакедонска пропаганда, сега ги кријат, тие работат за агентурни мрежи.
Недозволиво е Пендаровски и Ковачевски да молчат, откако самиот Пендаровски по Советот за безбедност, дека странски агентури негативно влијаат на односите со Бугарија, ширејќи говор на омраза и негација за македонската нација, јазик и историја. Кои странски агентури работат на штета на Македонија и шират говор на омраза, Пендаровски да излезе и јасно да ги каже, спротивно ги девлавира институциите, и оддава впечаток дека зборува без аргументи или дека и самиот работи за странски агентури.
Пендаровски и Ковачевски не прават ништо за адекватно да реагираат на провокациите кон Македонија. Власта првин зборува едно, а потоа прави сосема друго, свесно наштетувајќи и на државата.
Власта крие и од каде се финансираат бугарските здруженија, кои креираат говор на омраза и ја негираат Македонија. Финансиските институции под владата требаше до сега да го истражат потеклото на парите, и да ги информираат граѓаните, но и да преземат адекватна реакција.
Власта не прави ништо за да ја гарантира стабилноста и угледот на државата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
