ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски едно зборува друго прави

Пендаровски едно кажува, па заборава што рекол, па после зборува сосема спротивно. Тоа е неговата главна карактеристика. Некои тоа го нарекуваат лажење, но во неговиот случај ние ќе речеме дека е колизија со вистината.
Огромен е бројот на изјави во кои Пендаровски го негирал Стево.
Еднаш велеше дека нема видено Француски предлог, за после некое време да рече дека Францускиот предлог е всушност изработен од него.
Можеби Пендаровски заборава што зборувал вчера, ама граѓаните, медиумите и интернетот паметат. Ние само го соочуваме со вистината за тоа дека ставовите ги менува почесто од краватите. Можеби за Пендаровски тоа е болна вистина, но тука ние не можеме да му помогнеме. Одговорите за сите овие спротивставености Пендаровски ги должи пред себе, но и пред граѓаните и јавноста.
Пендаровски го погази достоинството на функцијата, достоинството на народот и достоинството на државата. Време е за промени.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
