ВМРО-ДПМНЕ: Парламентарни заедно со локални избори и гласање за тиранската платформа
Прифаќањето на тиранската платформа од страна на СДСМ ќе значи редефинирање на Македонија од која нема назад. СДСМ може да ја прифати понудата за распишување на нови парламентарни избори заедно со локалните, каде граѓаните ќе гласаат и за тиранската платформа, рече денеска на прес-конференција Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Доколку СДСМ се сомнева дека платформата од Тирана е штетна, посочи Костовски, тогаш го повикуваме да се откаже од сите нејзини елементи по што ќе ги поддржиме да формираат влада без уцени.
Костовски нагласи дека прифаќањето на промената на парите, на химната, на грбот и на знамето е во директна спротивност со државните и национални интереси.
- Никој не му дал право на Зоран Заев да почне разговори и дебати за промена на националните обележја. Никој не му дал на Заев овластувања да ги осуди борците од Народноослободителната борба дека извршиле геноцид врз Албанците! Секој ден станува се појасно зошто Заев не сака да ја каже цената за добивањето на потписите и поддршката за формирање на идната Влада. Народот гледа дека се што е договорено е на штета на Република Македонија и македонскиот народ, рече Костовски.
Логиката на Зоран Заев, наведе Костовски, е тој да ја води владата па макар цената била и целосно прифаќање и реализирање на елементите од тиранската платформа.
- СДСМ е уценета партија. Нејзиното раководство е до гуша заглавено во скандали и криминали и затоа е подготвено да ја прифати тиранската Платформа која директно задира во националните и државните интереси, рече Костовски.
Како што оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ, преговарањето и договарањето нови национални симболи, знаме, грб и химна, по насоки содржани во тиранската платформа, обмислена од странски премиер, нема никаква врска со изборната програма на СДСМ и е претворање на Македонија од едно мултиетничко општество во бинационална држава.
Ново на Сител
-
Лов на забранети животни – Каква казна предвидува законот за отстрел на мечки?
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски заменик мин. за социјална политика демографија и млади
-
ГЕРБ иницира продолжување на преговорите за влада - Желјазков останува предлогот за премиер
-
Скопје утрово втор најзагаден град во светот – Ќе преземат ли советниците чекори за решавање на проблемот?
-
Во Струмица повторно активиран прагот на алармирање за загадениот воздух
-
Мехмедовиќ: ХМПВ не е нов вирус и нема потреба за загриженост
-
Груби доби отказ од тетовскиот државен универзитет
-
Интерпелациите во петок на седница, Мицкоски вели нема да успеат