ВМРО-ДПМНЕ: Откако СДСМ и Заев се на власт, економијата тоне
Откако СДСМ и Заев се на власт, економијата тоне. Голем број на граѓани едвај врзуваат крај со крај.
Се намалува бројот на работници во индустријата. Имено во месец мај 2019 бројот на работници во индустријата е за 2.5% помал од бројот на работници во индустријата за истиот месец во 2018 година.
Поради лошите политики на Анѓушев државата се соочува со катастрофални бројки во доменот на капиталните инвестиции. На заслуга на Анѓушев нивото на капиталните инвестиции заклучно со мај 2019 изнесува катастрофални 13,74%.
Планот на Заев и Анѓушев се сведува на целосно окупирање на министерството за финансии и реализација на концептот на зголемување на задолжувањето на државата.
Ова само покажува дека ниту Заев, ниту Анѓушев немаат визија и знаење со кои ќе придонесат државата да се развива и граѓаните да живеат убаво.
Време е оваа криминална власт да си замине што поскоро. Време е Заев да си поднесе оставка и да остане во историјата како најлош премиер на Република Македонија досега.
Ново на Сител
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција
-
Муцунски во Луксембург: Европска агенда ослободена од билатерални прашања