ВМРО-ДПМНЕ: Оставивме здрава економија со добра основа за раст и развој
ВМРО-ДПМНЕ преку пишано соопштение оценува дека интригите, манипулациите и деструкцијата се основна одлика на СДСМ и оти тоа се докажа од осамостојувањето на Република Македонија до денес.
- ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од СДС, работи и создава, додека тие блокираат, креираат кризи и уништуваат. ВМРО-ДПМНЕ 11 години додека беше на власт реализираше илјадници проекти кои значеа подобри стандарди за сите граѓани. СДС, додека владееше избрка над 200.000 луѓе од работа, затворија 684 фабрики и оставија еден куп неразјаснети убиства и друг вид на тешки кривични дела. Владеењето на правото беше на дното во Европа, а економијата прикачена на апарати за дишење, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Се нагласува дека СДСМ кога ја предаваше власта во 2006 година буџетската сметка беше блокирана, додека сега им се остава полна буџетска каса, со 130 милиони евра и се потсетува дека во времето на СДСМ невработеноста изнесуваше 38 проценти, а сега е 23,1 процент.
- ВМРО-ДПМНЕ од СДС во 2006 година наследи просечна плата од 11.700 денари, и за 11 години успеа да ја донесе на ниво од 22.700 денари. Времето на СДС се одбележа со високи даноци, кои ВМРО-ДПМНЕ во најголема мера ги намали. Воведовме повластена стапка на ДДВ за повеќе продукти и со тоа помогнавме да се придвижи економијата напред. СДС сега најавува ново покачување на даноците, што ќе донесе нови главоболки за граѓаните и фирмите, се посочува во соопштението и се прецизира дека во 2006 година немаше субвенции, а оттогаш се исплатија 1,1 милијарда евра на име земјоделски субвенции.
Се потсетува дека од 2006 година за 80 отсто е зголемена социјалната помош, за 30 отсто платите во администрацијата, најниските пораснаа за 106, а просечната пензија за 80 отсто.
- Граѓаните знаат дека додека СДС ја управуваше економија, бевме на дното на сите светски економски рангирања. Во 2006 година Светска банка ја рангираше Македонија на 94-то место во светот според добрата бизнис клима, додека денес ја рангира на 10-тото место во светот и 5-тото место во Европа, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ и се нагласува дека оставиле цврсто трасиран пат кон ЕУ и кон НАТО, здрава економија со добра основа за раст и развој, пат кој СДСМ тешко ќе може да го следи.
Ново на Сител
-
Може ли Скопје преку Вашингтон да најде пократок пат до Брисел
-
Службен весник ги објави одлуките за замрзнатите цени и маржи
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлог на обвинителката Ленче Ристовска
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-
МОН ги објави конкурсите за стипендии во странство, од оваа година под нови услови
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлогот на обвинителката Ленче Ристовска
-
Случајот со обвинителот Коцевски под лупа на САД, Правда го подготвува предлогот за разрешување
-
СДСМ: Процес на партизација наместо реформи