ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката на Стразбур е доказ дека 27 април беше политички процес кој имаше за цел притисок врз опозицијата
Одлуката на судот во Стразбур е доказ дека случајот 27 април беше политички процес, процес кој имаше цел да изврши политички притисок врз опозицијата и обезбедување гласови за Уставните измени. Криминалното СЈО кое доживеа коруптивно фијаско и случајот 27 април се пример како опстојува владата на ДУИ/СДСМ, злоупотреби, притисоци и тортура врз ВМРО-ДПМНЕ.
Стотици семејства и илјадници граѓани беа и се уште се жртви на најмрачниот притисок и брутална хајка преку октроираните судии и обвинители за да СДСМ и ДУИ обезбедат уште некоја година власт. Сите тие кои учествуваа во таа хајка, како и оние слуги обвинители и судии кои беа дел од овие политички процеси по промената на власта ќе се соочат со одговорност.
27 април е случај каде Кацарска докажувајќи се во суровоста доби унапредување во Уставниот суд но и етикета Кацарска судство како синоним за корумпираното судство и неправда под владата на СДСМ и ДУИ.
211 години затвор за 27 април, а Ден Дончев на слобода. 211 години затвор за 27 април а Рашкоски шета слободно. Лидерството на СДСМ ужива во својата бизнис империја, Спасовски и понатаму го штити криминалот и нема одговорност за ниту еден од власта.
И тие луѓе кои се осудени за тероризам на судењето, ќе кажат – бараме правда, да бидеме судени за тоа што сме го сториле, а не за тоа што политички не гонат...
ВМРО-ДПМНЕ е за исправање на неправдата и правда за сите. И правда ќе има веднаш по промена на власта.
Ново на Сител
-
Грузиската опозиција не ги прифаќа изборните резултати, најави улични протести
-
Владејачката партија во Грузија прогласи победа на парламентарните избори
-
Предвремени парламентарни избори во Бугарија
-
Состојба на патишта
-
Денес сончево време со мала облачност и температура до 25 степени
-
Сиљановска Давкова ги прифати оставките на Комисијата за помилување
-
Бајден се надева дека последните израелски напади врз Иран ќе бидат „крај“ на директната размена на оган меѓу двете земји
-
Колективна оставка на Комисијата за помилување