ВМРО-ДПМНЕ: Од Метлата на Зоран Заев остана само правта која ја кренаа
Сега Заев се премисли и вели економскиот цунами министер Тевдовски бил добар ама Заев повеќе ја сакал функцијата министер за финансии, а ја сака за парите со кои сака да располага тој и неговиот брат Вице Заев.
Криминалната дружина на Заев сака да располага со парите на граѓаните. Тој потврди дека метлата е само маска и козметичка операција. Заев лаже кога вели дека минатата година била интеграциска затоа што ниту таа ниту оваа година Македонија не доби датум за преговори со ЕУ, исто како што оваа година не е економска за што говори исклучително нискиот степен на капитални инвестиции од само 13 проценти за цели 5 месеци.
Значи со СДСМ и Заев зборот не важи туку зборот лажи.Ова не е едно општество за сите, туку општество каде има провизии за Заеви, а беда за сите.
Непобитен факт е дека криминалецот Заев тоне секој ден се повеќе и повеќе.
Зоран Заев не спомна ништо за тврдењата на доскоронешниот советник Јовановиќ кој кажа дека има криминал во владата лоциран кај потпретседателот Анѓушев ниту пак нешто за неговиот доскорешен заменик министер за образование кој призна капитулација во образование.
Зоран Заев тргна во заштита на неговиот градоначалник пулен Курто Дудуш кој одговорноста ја врзува со наводна истрага која треба да ја води обвинителството на Рускоска и министерството на Спасовски кој видовме како фалсификува записник само за да го амнестираат од одговорност.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228