ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството се претвори во партиска испостава на СДСМ

Македонија е заробена држава. Единствена во демократска Европа која во 21 век се уште во своите затвори има политички затвореници. Обвинителството се претвори во партиска испостава на СДСМ, која служи за монтирање на обвиненија против политичките неистомисленици на Зоран Заев и СДСМ. Судот пак штанца пресуди за политички монтирани случаи, по директиви од Заев со цел тој да се пресмета со оние кои се гласни во борбата против неговите антидржавни политики.
До обвинителството не допира гласот на јавноста за обидот за грабеж на 45 милиони евра државни пари преку разни криминални тендери и грантови кои служеа за исплата на партиските послушници на СДСМ, но затоа допира гласот на Зоран Заев и нарачката за прогон на неговите неистомисленици.
До ОЈО не допре ниту случајот со злоупотребата на службена должност кога министерката за одбрана Радмила Шекеринска додели грант од половина милион денари во невладина организација каде членува и таа самата.
Распродажбата на државните и националните интереси нема да ги спаси државни функционери на СДСМ кои се огрешиле пред законот да одговараат според членот 353 од Кривичниот законик за злоупотребата на службена должност заради сите криминални набавки, сомнителни тендери и доделени грантови по партиски клуч.
Промената на името, идентитетот, јазикот и откажувањето од Македонците во соседството нема да го реши проблемот со клептоманството на функционерите на СДСМ. Откажувањето од се што е македонско нема да ја промени очајната состојба во правосудството, кое наместо да ги гони криминалот на власта на СДСМ, служи за негова амнестија.
Политичките затвореници и политички монтирани судски процеси не се одлика една демократска држава, аспирант за членство во ЕУ и НАТО. Ниту пак криминални тендери и грантови се дел од западните цивилизациски вредности.
Свитканата кичма на Зоран Заев не е одлика на лидер на земја членка на ЕУ или НАТО.
Но ако кичмата на Заев е флексибилна и лесно се витка, граѓаните чекорат гордо и исправено, со високо крената глава кон кочен пораз на политиките на Заев и Победа на Македонија!
Ново на Сител
-

Трамп: Договорот со Иран е закажан да биде потпишан утре
-

Орбан реизбран за лидер на партијата Фидес
-

Едно лице е приведено од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Багеи: Договорот со САД нема да биде потпишан утре
-

Штипските доброволци пожарникари ќе добијат заштитна опрема од Америка
-

Средба Мицкоски - Ердоган: Владата останува посветена на создавање поволна деловна клима за нови турски инвестиции и работни места
-

Дејвис куп: Македонските тенисери се вратија во Втората светска група, совладана Црна Гора
-

На југот на Холандија 200.000 жители предупредени да ја зовриваат водата поради ешерихија коли
