ВМРО-ДПМНЕ: Образованието во Македонија со тандемот Царовска - Заев е во целосен колапс
Образованието во Македонија со тандемот Царовска - Заев е во целосен колапс.
Ученици немаат елементарни услови за следење на настава, бојкот на матуранти, протести на студенти, руинирани училишта, а Царовска се посвети на ПР со поставување на пластични паравани.
Деновиве гледаме дека над 70% од матурантите ја бојкотираат наставата и бараат од министерката за се и сешто, Мила Царовска да ги разгледа и прифати нивните барања, но тие добија само закани и уцени од страна на министерката, директорите и професорите.
Концептот за основно образование, Царовкса се уште се обидува да го протуркаат на сила, вклучувајќи и академици со ПР текстови кои по нарачка се пуштаат преку министерството за образование за да ја убедат јавноста колку е добра нивната концепција, а бегаат од јавни расправи и дебати во Собранието за овој проблем со кој сакаат да се укине предметот историја.
Веќе 4 месеци откако е почната учебната година, а се уште владата и министерството за образование не успеаја да обезбедат услови за над 20 илјади ученици обезбедувајќи компјутери за да можат нормално да ја следат наставата.
Според Царовска Финскиот модел во образованието значи импровизирана наставна програма, руинирани училишта, без дигитализација на образованието.
Царовска, исто како и нејзиниот ментор Зоран Заев нема слух за проблемите со кои се соочуваат како учениците, така и студентите и професорите. Со ваков лошо менаџирање во образованието Македонија ќе има уште многу загубени генерации.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
НБ: Нето надворешниот долг до 30 јуни 4,48 милијарди евра
-
Почна монтирањето на новиот топловод под мостот Беласица
-
Поевтинуваат дел од горивата
-
Запленети лекови, мобилни „ајфон 16“, часовници „ролекс“, девизи
-
На респиратор новороденчето чија мајка почина во кумановската болница
-
РКЕ: Грејната сезона почнува на 15 октомври
-
МНР: Нема наши државјани кои се обратиле за помош или евакуација од Либан
-
На 4 октомври застарува затворската казна на Груевски за набавката на „мерцедесот“