Стримичани вода за пиење ќе добиваат преку цистерни и канистери
Од утре, жителите на Струмица и околните села со чиста вода за пиење ќе бидат снабдувани преку цистерни и канистери. Ова било договорено на попладневниот состанок на кризниот штаб во општината . Цистерните со вода ќе се полнат од алтернативни извори, кои се потврдени како безбедни. Пунктовите за полнење ќе бидат поставени на различни локации, а приоритет ќе имаат градинките и училиштата.
За сега не е познато колку време ќе трае оваа ситуација. Градоначалникот Костадин Костанов и денеска како главен проблем го посочи квалитетот на техничката вода која Водостопанство ја дистрибуира до Комуналец. Нагласи дека се работи за сложен проблем и апелираше на трезвеност и деполитизација на случајот, нагласувајќи дека некои политички партии се обидуваат на најсуров можен начин да го политизираат процесот за непознати интереси.
За проблемот со водата реагираа и од ВМРО ДПМНЕ. Бараат вонредна седница на општинскиот совет и оставка од градоначалникот Костадинов бидејќи ниту тој нити Комуналец во изминатите неколку години не презеле ништо за решавање на проблемот.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар