ВМРО-ДПМНЕ: Нови парламентарни избори за излез од кризата

Нови парламентарни избори се единствен излез од ситуацијата во која СДСМ ја доведе државата, бидејќи само така граѓаните јасно ќе можат да се изјаснат околу тиранската платформа и нема да се чувствуваат измамено, порачува ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение до медиумите.
- Народот не дозволува ниту формирање тиранска влада, ниту реализирање тиранска платформа и не го интересираат фактурите на Заев. Затоа СДС е во паника и е цврсто решен својата фактура да ја плати со распродажба на највисоките национални и државни интереси, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Се нагласува дека СДСМ е однародена партија и затоа стотици илјади граѓани секојдневно им порачуваат дека е почесно да ги одлежат затворските казни што ги чекаат за криминалот отколку да извршат предавство.
- Ветувањата и обврските на СДС кон нарко-мафијашките структури кои им помагаа на избори се нивен проблем, а не проблем на народот. Сервилниот однос кон сите што го негираат македонскиот идентитет и предавничкото молчење и прифаќање на тиранската платформа е проблем на криминалецот Заев и злосторничкото здружение околу него, а не на народот. СДС е на спротивна страна од народот и гледа непријатели во сите кои си ја сакаат татковината, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ и се потенцира дека цената на фактурата СДСМ може да си ја плати со криминално стекнатиот имот на нивното раководство.
Ново на Сител
-

Сиљановска: Не очекувам да се нарушат односите со Бугарија
-

Јотова загрижена за бугарскиот амандман за извештајот за Македонија - почна дебатата во ЕП
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Приведен 44 годишeн скопјанец за палењето на возилата на бугарската амбасада
-

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 21 милион евра ќе отвори речиси 500 работни места
-

Од денеска нема мерки за горивата, Пазарната инспекција подготвува нов извештај за цените во маркетите
-

Се затега монетарната политика, ќе поскапат кредитите
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското езеро
