ВМРО-ДПМНЕ: Нова анкета на ИПСОС
Повеќе од половина сметаат дека Заев има лоши резултати како премиер, највисоки 64% сметаат дека владата не се бори против корупцијата, бизнисот е незадоволен од мерките
За потребите на ВМРО-ДПМНЕ агенцијата ИПСОС спроведе теренска анкета од 06 до 20.12.2021 година врз 1.023 испитаника на територијата на цела држава Република Македонија, запазувајќи ги демографските карактеристики.
Во истражувањето се вклучени повеќе прашања, а во прилог ви ги пренесуваме резултатите на дел од нив.
1. Како го оценувате досегашното работење на Зоран Заев како премиер на државата?
Лош резултат од работата 53%
Добар резултат од работата 29%
2. Како ја оценувате досегашната борба на Владата против корупцијата?
Незадоволителна 64%
Задоволителна 29%
3. Дали сте задоволни од пакетот мерки во економијата кој го донесе владата за справување со ковид кризата:
Незадоволни 55%
Задоволни 37%
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Полицијата истражува дали пожарот во Дрисла е подметнат
-
Тема на денот со Ана Каранфилова Мазневска, раководител на сектор за отпад во МЖСПП
-
Дрисла чади 4 ден, надлежните утре влегуваат со нова механизација
-
Партиите ги финализираат списоците со кандидати за градоначалници и советници - утре на полноќ истекува рокот за поднесување
-
Предизборни пратенички прашања: АНБ, провокации за името, партиски трансакции
-
Онкологија 2: Нино Васев и Ненад Нухи не чувствуваат вина за кривичните дела за кои ги товари обвинителството
-
ОЈО - Штип со детали за тешката сообраќајна несреќа со кобни последици
-
Со зголемени казни пониски цени - Владата најави измени во Законот на нефер трговски практики