ВМРО-ДПМНЕ: Низа понижувања се одлуките на Комисијата која ги задоволува барањата на Бугарија
Поразите и понижувањата се секојдневие со власта на СДСМ. СДСМ потпиша договор со Бугарија во 2017 со кој дозволи историјата да влезе како критериум за добрососедство. Потоа СДСМ дозволи да се создаде Комисија за историски прашања која треба да ги ретушира македонските учебници за историски личности и настани по бугарски терк. Како продолжение на сето ова беше прифаќањето на Преговарачката рамка, а потоа и потпишувањето на Протоколот, преку кои СДСМ прифати историските теми да станат предуслов за евроинтеграциите за Македонија.
Резултатот од сите овие понижувања во низа се одлуките на Комисијата која ги задоволува барањата на Бугарија. Со други зборови се прави прекин на континуитетот на постоење на македонскиот народ на овие простори. Штетноста на измеќарската политика на СДСМ се гледа во одлуките на Комисијата за средниот век, за прифатениот бугарски наратив за Кирил и Методиј, Климент Охридски, Наум Охридски и Цар Самоил. Токму на ова предупредуваше ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ дозволи Македонија да се доведе во потчинета положба во која евроинтегративниот пат и се сведува или на вечни преговори или на асимилација.
Историјата не смее да биде услов и предмет на преговори. Сличен став имаа и експертите и историчарите за кои ваквите одлуки на власта на СДСМ се неприфатливи и штетни.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ бара граѓаните да бидат прашани за вакви суштински теми. Доволно бегаше Ковачевски од соочување со својот народ. Но колку и да бега нема да може да избега од поразот кој му следи.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Англија ќе им забрани на трансродовите лица да учествуваат во женскиот фудбал
-
Опожарена барака на улица „Самоилова“ во Скопје
-
Нов повик за субвенциониран студентски оброк, проширен е опсегот на мерката
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат
-
Претрес во делчевско, пронајдена дрога
-
Попладне краткотраен дожд, температура до 29 степени
-
Приведен албански државјанин за нелегално пренесување добиток